Фјури се враќа на рингот на 8 јуни

90

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Британецот Тајсон Фјури (27-0-1) ќе се врати на рингот во текот на летото. Ова го тврдат извори блиски до „Царот на Циганите“.

Британецот требаше да се соочи по втор пат против шампионот на ВБЦ – Дионтеј Вајлдер (40-0-1), но преговорите помеѓу двете страни неочекувано пропаднаа поради договорот на Фјури со „Топ Ранк“.

Сепак, таквиот натпревар се уште е на дневен ред, но тој може да стане реалност на почетокот на есента.

Пред тоа, 30-годишниот боксер се очекува да излезе на рингот на 8 јуни, но локација на настанот не се споменува. Засега најверојатен противник на непобедливиот Фјури е Колумбиецот Оскар Ривас (26-0-0), кој исто така е дел од „Топ Ранк“.

За последен пат, Ривас боксува на 18 јануари, кога го победи со технички нокаут Брајант Џенингс. Јужноамериканецот е северноамерикански шампион во ВБО и ИБФ Интернешнл.