Кличко се враќа во рингот, прв дуел со Џошуа!

76

Легендарниот боксер, Украинецот Владимир Кличко, се подготвува за сензационално враќање во рингот, а тоа му го откри и англискиот новинар Стивен Бенс.

Според него, Украинецот ќе се бори на 13 април на „Вембли“, кога ќе има борба и Ентони Џошуа.

  • Да, но Џошуа тогаш ќе има борба со Џарел Милер во Америка. Постојат многу опции за спектакл на „Вембли“. Точно е дека Кличко ќе се врати и ќе се бори, откри новинарот.

Единствен боксер, за кој се претпоставува дека ќе се бори со Кличко, е Дилијан Вајт, кој е во голема серија на победи (25-1).

Кличко во својата професионална кариера има 64 победи и пет порази, а ги загуби последните две борби, од Тајсон Фјури и Ентони Џошуа.