КИЦ: Промоција на две книги на Петрушевска –Томева

71

На 4 јуни, со почеток од 12:00 часот, во паркот пред Културно информативниот центар – Скопје ќе се одржи промоција на книгите „Волшебната авантура” и „Одмаздата на богомолката” од Оља Петрушевска-Томева.

Расказите за деца „Волшебната авантура“ е прва литературна обајава на Петрушевска Томева и неа ја сочинуваат два раскази, едниот насловен како и самата книга, а другиот „Јас, Ана и нашето детство“.

„Одмаздата на богомолката“, пак, е роман во кој приказната е некаде меѓу јавето и илузијата.

Книгите ќе ги промовира Татјана Гогоска, водителката Елена Максимовска, со драмска игра на Марко и Филип Томеви.

Настанот ќе се пренесува и во живо на ФБ страница на КИЦ – Скопје, а истиот се одржува на отворено, со дистанца и заштитни маски на посетителите, учесниците и организаторите.