Кирјос не ги почиува противниците, публиката, а ни себе

90

Вториот светски тениски рекет Шпанецот Рафаел Надал претрпе неочекуван пораз во Акапулко од Австралиецот Ник Кирјос, откако прокоцка предност од 1-0 во сетови и на крајот загуби со 1-2, прерано завршувајќи го настапот на овој турнир. Надал има за што да жали бидејќи во третиот сет тој имаше три меч-топки, една од нив на свој сервис при водство од 6:5, но потклекна во клучните моменти и на крајот го загуби мечот со два тајбрејка (6:3, 6:7, 6:7).

Шпанскиот тенисер по мечот беше разочаран од конечниот исход, но и од односот на противникот, откако Кирјос повторно влезе во конфликт со фановите и со судијата.

-Ова беше еден од ние денови кога ќе направите се што можете, но нема да ви се поклопат работите за да победите. Разочаран сум, но ќе извлечам поука и ќе играм уште подобро на следните турнири. Кирјос не е лошо момче, мислам дека е добар човек, но му недостига почит, кон противникот, кон судијата, кон фановите…. Тој е играч со неверојатен талент, способен да освојува и гран слем трофеи, но таквиот однос кон околината е главната причина поради која е далеку од врвот. Како и да е, тој денеска заслужено ме победи и му честитам – истакна Надал.

Кирјос во четвртфиналето ќе се сретне со Стен Вавринка, додкеа Надал по овој пораз ќе ги почне подготовките за мастерсот во Индијан Велс.