ЕPA-EFE/WU HONG

По трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука, Формула 1 караванот се сели во Кина. На патеката во Шангај болидите во Формула 1 ќе излезат за првпат по пауза од 5 години, но сега може да се случи најнаселената земја во светот да добие две трки во календарот.

Има планови за изградба на патека на 1.200 километри југозападно од Шангај, а покрај Кина, од азиските земји има уште еден кандидат – Јужна Кореја, која сака да се врати во календарот на Формула 1.

Кореја веќе беше домаќин на четири трки помеѓу 2010 и 2013 година, при што Фернандо Алонсо победи на првата трка, а Себастијан Фетел на следните три.