Поранешниот светски женски тениски рекет број еден Белгијката Ким Клајстерс (37), која веќе два пати одеше во пензија и која во меѓувреме стана мајка на три деца, ја прифати поканата за настап на мастерс тенискиот турнир во Мајами, кој ќе почне на 22 март.

По седумгодишна пауза Белгигата му се врати на тенисот минатата година. Таа во текот на својата кариера има освоено 41. титула и 11 титули во двојки, вклучувајчи и четири грен слем титули во сингл и два во двојки.

-Мајами отсекогаш ми бил омилен турнир. За овој турнир ме врзуваат убави спомени, таму забележав одлични резултати. Возбудена сум што се врачам во Мајами, изјави Клајстерс која го подигаше пехарот на Флорида два пати во кариерата во 2005 и 2010 година.

Клајстерс прв пат се појави на ВТА турнирите во 1997 година, а прв пат во пензија замина во 2007 година кога го роди своето прво дете. Една година подоцна му се врати на тенисот и освои три од своите четири грен слем титули и се врати на првото место на ВТА. Во септември 2012 повторно кажа збогум и тоа изгледаше како конечен крај, но таа се врати минатата година и уште еднаш го изненади тенискиот свет.