Претседателот на полскиот ракометен шампион Киелце, Бертус Сервас, најави дека клубот сака да игра натпревар на стадион и да постави нов светски рекорд. Киелце планира да игра натпревар на Народниот стадион во Варшава во 2023 година, а планот е да има околу 60.000 посетители, што би бил светски рекорд.

Доколку се остварат најавите, Киелце ќе го урне рекордот кој се постави во Бундеслигата, кога на натпревар меѓу Рајн Некар Левен и Хамбург во 2014 година присуствуваа 44.189 гледачи.

Капацитетот на стадионот во Полска е 58.580 за фудбалски средби, 72.900 за концерти, а рекродната посетеност е на меч меѓу Полска и Србија во одбојкарското СП пред 61.500 гледачи.