Полскиот ракометен гигант Киелце, во своите редови го донесе поранешниот играч на Металург, Хрватот, Халил Јагањац, кој веќе потпишал договор за во 2022 година да се пресели во тимот предводен од Талант Душебајев.

Киелце бил заинтересиран да го доведе Хрватот уште летово, но челниците на Нексе експресно ја отфрлиле оваа опција, инсистирајќи левиот бек да остане во тимот до крајот на договорот, па потоа во јули 2022 година да замине во Полска.

Киелце има постигнато преддоговор за трансфер на Стефан Додиќ, српскиот интернационалец од Металург кој исто како и Јагањац би требало од 2022 година да се пресели меѓу „жолто-сините“.