КЕ СЕ РЕШИ ЛИ МИСТЕРИЈАТА:Нова прозивка на Стојан Адов за атентатот врз Киро Глигоров

45

Поранешниот спикер на Собранието Стојан Андов, јавно побара од обвинителството да излезе и да каже со кави докази располага за атентатот врз претседателот Киро Глигоров и уште еднаш посочи дека за Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчковски како одговорни за обидот за атентат , тој има докази и документи. За Тито Петковски пак, во завчерашното интервјуто на една од телевизиите рече дека по обидот за атентатот, исчезнал и 15 дена никаде го немало.

-Јас работев еден проект кој почна во 2003 година, кога издадов книга „На мој начин“, и потоа сите точки од таму се разработени во следните книги. Јас имам впечаток дека Фрчкоски читал само извадоци, а книгата е 450 страни. Таму има и докази, наведени документи. Тие докази на пример, дека Глигоров добивал смртни закани. Нашите власти тогаш ниедна закана не расчистија, тоа е првата работа. Втората е дека една група со Црвенкоски и Фрчкоски барале оставка од Глигоров, што тој лично ми го имаше кажано. 15 дена по обидот за атентат, Тито Петковски го снема. Никаде го немаше, каде беше, што се случи? Во клучниот момент го снема. Треба да објасни рече Андов.