Кејн „не“ е за продажба

52

Новиот сопортски директор на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Фабио Паратичи, откри дека клупските челници не сакаат да стават крај на соработката со капитенот, Хари Кејн. Репрезентативецот на Англија пред почетокот на ЕП 2020 изјави дека сака да ја промени клупската средина но и дека сака да остане во Премиер лигата. Британските медиуми пак се убедени дека Кејн ќе биде продаден доколку официјалната понуда не биде помала од 150 мил. фунти.