Кевин Дурент: Мојот прв НБА-дрес беше од Винс Картер

69

Напаѓачот на Бруклин нетс, Кевин Дурент, постигна 36 поени во победата над Индијана (116:109) и го престигна славниот Винс Картер на листата најефикасни играчи во НБА.

  • Многу ми значи. Сакам да постигнувам поени. Ова е суштината на играта. Затоа сите играме кошарка. Го менуваме резултатот на семафорот, ја менуваме играта, нè спомнуваат заедно со легендите. Мојот прв НБА-дрес е од Винс Картер, од времето кога играше за Торонто. Порано го следев на млада возраст, а сега го победив по постигнати поени. Ова е важен момент во мојата кариера – истакна Дурент.

Ѕвездата на Бруклин сега има 25.754 поени во кариерата, додека Картер има 25.728. Тој се искачи на 19. место на вечната листа стрелци во најсилната кошаркарска лига на светот.