Организаторите на грен слем турнирот САД Опен, планираат да го одржат во периодот од 31 август до 13 септември, но поради новиот бран на коронавирусот кој ја зафати Америка, последниот грен слем турнир е под голем знак прашалник.

Минатата недала во САД имаше дури 55.000 новозаразени од коронавирусот, што е најголем дневен пораст забележан во оваа држава, а водечките епидемиолози предупредуваат дека доколку се одржи САД Опен, бројката на заболени би можела да стигнат и до над сто илјади новозаразени дневно. Затоа побараа мерките да бидат построги.

Ако интензитетот на заразени продолжи со исто темпо, тешко дека ќе биде одржан грен слем турнирот во Њујорк.

Шпанскиот весник „Марка“ пишува дека првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, како претседател на Здружението на играчи им се обратил на тенисерите на видео состанок и ги предупредил дека во вакви околнисти ќе биде многу тешко да се патува на САД Опен.

Светскиот тениски рекет број еден рекол дека проблемот е во тоа што сите тенисери кои ќе се врќаат од америка во Европа ќе мораат да поминат двонеделен карантин, а само еден ден по турнирот во Њујорк треба да почне мастерсот во Мадрид, а на 27 септември и грен слем турнирот Ролан Гарос.

Новак ги советуваше сите што купиле и резевирале билети за САД, од организаторите да побараат да им ги вратат парите, односно да им ги подмират сите трошоци ако дојде до откажување на турнирот.