Карпошани имаат можност да донираат храна и хигиенски средства

68

Општина Карпош организира  хуманитарна акција за помош на граѓаните и домаќинствата во социјален ризик, во пресрет на велигденските празници.

– Од 12.04.2021 година (понеделник) до 16.04.2021 (петок), сите граѓани на општина Карпош ќе имаат можност да донираат прехранбени продукти и средства за хигиена во просториите на урбаните заедници (УЗ), од 8 до 15 часот. Живееме во ек на пандемија, кога хуманоста и солидарноста треба да бидат уште поизразени, а поддршката за најсиромашните поголема – информираат од општина Карпош.

На официјалната страница на општина Карпош се наведени локациите и контактите за донирање на храна и средства за хигиена.