Капитулација и замена за руската вотка: Ненадеен пораст на продажбата на украинска вотка во светот

42

По рускиот напад врз Украина во февруари минатата година, руската вотка беше во голема мера повлечена од продажба низ светот, што им даде можност на конкурентските украински производители на пијалакот да ја зголемат продажбата.

Вотката, која има годишна глобална продажба од 46,6 милијарди долари, стаса  до светски насловни страници кога потрошувачите, трговците на мало и владите ја бојкотираа ја забранија руската вотка по инвазијата на Украина.

Руските брендови на овој алкохолен пијалак сè уште главно не се продаваат на Запад, па претходно помалку познатите украински брендови почнаа да го заземаат своето место на полиците.

Производството на вотка во земјата зафатена од војна, со чести прекини на струја, не беше лесно, но компаниите и покрај тоа го зголемија извозот.

„Се боревме со бомбардирања и прекини на струја, но сепак можевме да произведуваме и извезуваме вотка“, рече Дима Деинега, сопственик на брендот Дима, додавајќи дека неговата дестилерија покажала „неверојатна издржливост“, пишува Би-Би-Си.

Деинега рече дека глобалната продажба значително се зголемила од почетокот на војната и дека луѓето бараат начини да ја поддржат Украина, вклучително и со купување на нејзините производи, и дека тој донирал дел од профитот на украинските добротворни организации.

Катрин Велинга, која по избувнувањето на војната го пресели производството на својот бренд „Зиркова“ во Канада, целиот профит од продажбата го испрати во Украина.

Извршниот директор на компанијата Немироф, Јуриј Сорочински, вели дека морал да ја затвори својата главна дестилерија на еден месец по почетокот на инвазијата, но дека тој и неговите колеги се „неизмерно горди“ што украинската вотка „Немироф“ се повеќе се купува низ целиот свет. Само во Британија, продажбата на тој бренд се удвои.

„Ние сме им благодарни на клиентите во странство кои го купуваат овој бренд како знак на солидарност со Украина“, рече Сорочински.