Канзас сити е првиот конференциски финалист

48

Екипата на Канзас сити е првиот финалист во Американската фудбалска конференција, откако во дивизиската рунда го совладаа Индијанаполис со 31:13. Гостите од Индијанаполис не успеаја да го изненадат уште еден од фаворитите во овогодишниот плејоф, благодарение на одличната одбрана на домашниот тим, кој не дозволи ниту еден даун на противникот се до последната четвртина. Одличниот напад на Канзас, кој во првото полувреме запиша 24 поени и практично го реши натпреварот. Најзаслужен за оваа победа беше Патрик Махоумс со префрлени 278 јарди, а воедно истрча и тачдаун.

Ова за домашниот тим е прва победа во плејофот на домашен терен по 25 години. Последен пат играа во конференциското финале против Бафали Билс, но не на свој терен.