Канада и нуди помош на Европа за нафта и гас

58

Канадскиот министер за енергетика Џонатан Вилкинсон изјави дека Канада би можела да пласира повеќе нафта, гас и ураниум, со цел да помогне во решавање на глобалната енергетска криза.

Цените на енергенсите драстично се зголемија поради санкциите што Западот ги воведе кон Русија по нејзината инвазија врз Украина, вклучително и американското ембарго за руската нафта, намалувањето на испораката на руски гас, како и исклучувањето на Русија од платниот систем СВИФТ (SWIFT).

– Очекуваме до крајот на годината да го зголемиме извозот на нафта за 200.000 барели и за 100.000 барели гас, најави Вилкинсон.

Канадскиот извоз е ограничен од капацитетот на цевководите, кои во моментов се целосно искористени, но Вилкинсон истакна дека можно решение би било дистрибуирање на енергенсите преку САД.

Додека најголемата канадска компанија за управување со гасоводи, Енбриџ (Enbrige) соопшти дека ќе направи се за да се зајакне енергетската безбедност и на Северна Америка и на Европа.

Вилкинсон наведе дека и канадските производители на ураниум имаат вишок производствен капацитет и дефинитивно би можеле да го зголемат производството.

Русија има клучна улога во глобалната индустрија за производство на електрична енергија од нуклеарна енергија бидејќи произведува ураниум и го преработува за да биде подготвен за употреба во нуклеарните централи.