Најдобрата македонска кошаркарка, Јелена Антиќ, повторно ќе ги брани боите на израелскиот тим Макаби Ашдод. По една година мината во домашното првенство, Антиќ се враќа во добро познатата средина каде што беше во сезоната 2014/2015.

Јелена со новиот тим ќе игра и во ФИБА Еврокупот што значи дека е одличен предизвик, тест на највисоко ниво.

Кога се во прашање предизвиците надвор од нашата земја, таа има настапувано уште за Партизан, Радивој Кораќ, Ман Филтер, ЦСУ Алба Јулија, Лулеа баскет, Висла Краков и Намур Капитале.