Близок извор до таборот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус, откри дека раковдоните лица сакаат повторно да остварат соработка со актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Антонио Конте. „Старата дама“ игра очајно во новата сезона и прашање е само на време кога ќе биде ставен крај на соработката со актуелниот тренер, Масимилијано Алегри. Од друга страна, Конте се уште нема потврдено дали ќе остане во Лондон и следната сезона.