Кам-бек на Депај

85

Иако ја игра првата сезона како фудбалер на каталонскиот гигант Барселона, холандскиот интернационалец Мемфис Депај сигурно ќе ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Офанзивниот играч за врска веќе е информиран дека не е дел од плановите на новиот шеф на стручниот штаб, Чави Хернандез, а шпанските медиуми веќе на големо пишуваат дека Депај најверојатно ќе се врати во редовите на холандскиот гигант ПСВ.