КАМПАЊА НА СВР-СКОПЈЕ: Ученици пред Капитол мол укажуваат за направени сообраќајни прекршоци

77

Одделението за превенција при СВР Скопје продолжи со втората фаза од превентивна кампања за поголема безбедност во сообраќајот – „Поддржуваме безбедна иднина“.

Како што соопштија од МВР, за таа цел формираните училишни сообраќајни единици од основните училишта „Лазо Ангеловски” и „Димитар Миладинов” од општина Аеродром ги изведоа предвидените активности како што е укажувања за направени сообраќајни прекршоци, потоа помагање на повозрасни лица, а се со цел подигање на свеста кај учесниците во сообраќајот како возачи и пешаци.

Инаку, истовремено, а по повод денот 8-ми Март, во текот на активностите на учесничките во сообраќајот кои не направиле прекршок од страна на членовите на училишната сообраќајна единица ќе и биде подарено цвеќе за дадениот придонес за примерно однесување во сообраќајот.