Калчо дуел за Себалос

67

Калчолигашот Рома доби сериозна конкуренција во актуелниот шампион на Италија, тимот на Интер, кога е во прашање потписот на шпанскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Дани Себалос. Младиот играч за врска е во сопственост на шпанскиот гигант Реал (М), но веќе втора сезона по ред Себалос игра како позајмен фудбалер на „Емирати“. Понудата за Шпанецот нема да биде помала од 25 мил. евра.