Шпанскиот кошаркарски клуб, екипата на Валенсија, го официјализираше трансферот на српскиот интернационалец и играч на Фенербахче, Никола Калиниќ. Дваесет и осумгодишниот кошаркар ќе се пресели во редовите на Шпанците, откако помина пет цели сезони во турскиот шампион Фенербахче.

Валенсија покажува сериозни амбиции во пресрет на 2020/21, Сан Еметерио го продолжи договорот со „лилјаците“, заедно со Мајк Тоби, Сем Ван Росом и Луис Лаберие, а во ростерот се додадени и Мартин Хермансон, Дерик Вилијамс и Клемен Препелиќ.

Калиниќ мината сезоната бележеше во просек по 6.6 поени, 1.7 асистенции и 2.5 скокови во Евролигата.