Светскиот тениски рекет борј еден Србинот Новак Ѓоковиќ, беше искритикуван од страна на неколку играчи. Причината е заминувањето на Србинот од САД уште пред да бидат потврдени откажаните турнири кои требаше да се одиграат во наредниот период.

Тој заедно со неговиот тим го фатија последниот лет за Европа, пред претседателот Доналд Трамп да даде забрана за сообраќајот со стариот континент.

Тоа предизвика реакција кај Таро Даниел и Ноа Рубин, имиња кои се анонимни за пошироката јавност. Тие на социјалните мрежи напишаа:

„Значи Ѓоковиќ си заминува од САД пред да бидат откажани турнирите. Какви информации сум пропуштил јас?“.

На тоа му одговори Рубин со зборовите: „Да, ајде на избраните неколку да им кажеме што се случува, а останатите нека се чудат“.