Како тоа ние фаворити, а Баерн (М) е во игра за трофејот?

76

Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Манчестер Сити, ја продолжи победничката серија со триумфот на неутрален терен над Борусија Менхенгладбах од 2:0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. На стадионот „Пушкаш“ во Будимпешта, избраниците на Пеп Гвардиола стигна до својата 19-та последователна победа во сите натпреварувања, откако Бернардо Силва беше прецизен во 29. минута, додека Габриел Жезус во 65. минута го постави конечниот резултат.

  • Генерално, имавме контола врз натпреварот. За жал, не бевме убиствени колку што треба пред противничкиот гол. Мора да поработиме на ова поле, мора да бидеме поефикасни во ЛШ. Во нападот мора да бидеме пофокусирани. Во ЛШ мора да бидеш совршен пред противничкиот гол, само така ќе обезбедиш пласман во следната рунда. Кога ќе го видам Баерн (М), не можам да кажам дека ние сме фаворити за трофејот. Ние може да ја прифатиме фаворитската улога, но мора да го прифатиме и фактот дека Сити само еднаш во клупската историја има играно во полуфиналето, изјави менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.