Како против есенски влијанија: Квасецот за печива еликсир за косата

94

Понекогаш за здравјето на косата не ни е потребно многу – само неколку продукти кои ги имаме дома, во фрижидерот, потребна е само волја и континуитет 

Загадениот воздух, временските промени, дождовите во голема мера влијаат на квалитетот на косата. Најпрво косата губи волумен, многу повеќе опаѓа и станува безживотна. Што да направите?

Како времето станува студено употребата на фенот е почеста. За да избегнете сувост на косата, не заборавајте да користите балсами за коса кои ќе спречат прекршување на влагата и паѓање на косата. Приоритет во овој период треба да биде хидратација, обновување и стимулација на раст на косата, како и дополнителен волумен. Шампонот што ќе го изберете треба да се базира на стимулирање на раст на косата. Потребен ви е шампон кој ќе ја заштити вашата коса од надворешни влијанија. Шампоните што содржат рицинусово масло, коприва, екстракт од жалфија, цин, женшен или макадамија ќе и овозможат влага на косата, така што сушењето со фен нема да влијае премногу на неа. Со редовна употреба на соодветен шампон кој го стимулира растот, косата ќе биде посилна, лесна за чешлање, блескава и мазна. Изберете шампони без парабени и сулфати кои нема да ја оштетат косата, туку само длабоко ќе ја исчистат од маснотиите. Бидејќи регенераторот е задолжителен кога станува збор за есенска нега, изберете ги оние без силикон, бидејќи тие само површно ја штитат косата. Потребна ви е хијалуронска киселина во регенератор бидејќи таа може да ја направи вашата коса погуста и бујна и ќе нема испукани краеви.

Маска од квасец против опаѓање

Растворете 1 лажичка мед или шеќер во 1 лажица топло млеко и додадете 20 гр. свеж квасец. Оставете на топло место да ферментира, 15-20 минути. Потоа додадете 1 жолчка. Измешајте ги сите компоненти додека не се изедначaт. Нанесете ја добиената мешавина на чиста и влажна коса. Завиткајте во најлонска кеса или крпа. Оставете да отстои на главата 50-60 минути, а потоа измијте ја косата со вода и балзам. Маска се користи еднаш неделно, во траење од  10 до 15 процедури. Потоа направете 3 месеци пауза.

Маскa за испукани краеви на коса

Измешајте 1 жолчка од јајце, 3 лажици маслиново масло и 1 лажица мед. Потоа смесата нанесете ја на вашата коса и оставете ја да отстои околу половина час. Потоа измијте ја косата со шампон, без сулфат.

Есенската грижа е едноставна, но бара дисциплина. Не прескокнувајте ја грижата и секогаш одвојувајте доволно време за да го зачувате квалитетот на косата. M.A.