Неформалната група Арт Активизам од Тетово преку новата герила акција алармираше за несовесните постапки на дел од граѓаните кои во време на светска пандемија не ги почитуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот и организираат свадби во дворови без никакви протоколи за заштита. Тие поставија фигури од младоженци и покана за свадба во кои се иронизираат несовесните постапки на свадбите, кои и покрај препораките на здравствените власти се одржуваат со стотици гости, без маски и без одржување на растојание.

 

 

Неформалната група Арт Активизам од Тетово преку новата герила акција алармираше за несовесните постапки на дел од граѓаните кои во време на светска пандемија не ги почитуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот и организираат свадби во дворови без никакви протоколи за заштита.

-Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, да бидат одговорни, солидарни, а сè со цел да го заштитиме колективното здравје во нашиот град. Масовните веселби, сепак, да ги оставиме за некои подобри времиња, велат од Арт Активизам.

Тие поставија фигури од младоженци и покана за свадба во кои се иронизираат несовесните постапки на свадбите, кои и покрај препораките на здравствените власти се одржуваат со стотици гости, без маски и без одржување на растојание.

-Владата забрани јавни масовни собири, а тука спаѓаат и приватните собири за одбележување на семејната радост или тага. Се затворија рестораните кои функционираат само за свадбени прослави, а истите работат со доставување на храна по дома. Но ова не е пречка за младоженците Вирус и Корона, кои во весела атмосфера во центарот на градот ја одбележаа нивната љубов со огромна свадба. На свадбата се поканети  над 300 гости, кои мораат да го почитуваат кодот на облекување – маски кои треба да ги држат на рака, а не на лице, а истите да се комбинирани со облеката. „Да играте оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов„ – пишува на поканата за свадба која е поставена во центарот на градот, од страна на младите активисти од Тетово.

И додека совесните граѓани ги почитуваат мерките за заштита , се уште е голем бројот на неодговорните  кои придонесуваат за ширење на болеста.  Болниците во земјава се преполни со  заразени, но  оптимистичка е последната изјава на министерот  Венко Филипче  дека повеќе  од 20 дена имаме стабилен број на хоспитализирани пациенти. Процентот на хоспитализирани од активни случаи не надминува 12%, а речиси две недели е стабилен и бројот на активни.

По појавата на вториот силен бран на коронавирусот наш највисок приоритет беше и останува да го заштитме здравствениот систем, да не ги оптеретиме болничките капацитети, а секој хоспитализиран пациент да ја добие потребната нега и грижа, вели Филипче.