Титулата за најбесмислената измама во историјата на атлетиката му припаѓа на Кениецот Џулиус Нџогу.

Кениецот изврши измама на маратотот во неговата родна земја во 2015 година, а од тогаш никогаш не се случило некој да стори нешто слично. Затоа што, на крајот на краиштата, Џулиус заврши во затвор!

Полициските службеници и претставниците на трката соопштија дека Нџогу се криел меѓу гледачите пред да се приклучи на групата водечки маратонци близу финишот.

Тој го заврши маратонот како втор во финишот, а за тој „успех“ требаше да освои награда од 7.000 долари, но во меѓувреме беше фатен и дисквалификуван.

Официјалните претставници на трката изјавија дека се сомнителни бидејќи виделе дека тој не покажува никакви знаци на замор во финишот, како и дека тој не се испотил.

Подоцна откриле дека Нџогу, всушност, трчал само еден километар пред да влезе во финишот „во одличен стил“.

Телевизиските снимки покажаа дека Нџогу се расправа со организаторите, соблекувајќи ги патиките за да им ги покаже наводните плускавци на нозете.