Казни против фрлачите на ѓубре на дивата депонија во Негорци

222

Од општина Гевгелија велат дека преку надлежните служби ќе спроведат инспекциски надзор и ќе ги преземат сите законски санкции против прекршителите на забраната за депонирање на комуналниот отпад на дивата депонија кај Негорци.

Најавата на општината уследи откако жителите и компаниите од Негорци продолжуваат да не го почитуваа договорот за депонирање на отпад откако дивата депонија беше исчистена од страна на гевгелиски „Комуналец“. Депонијата сега и иста како претходно, како да не е исчистена.

По чистењето на депонијата, фирмите од Негорци и околината, вклучувајќи ја и индустриската зона „Блокотехна“, требаше да се договорат со „Комуналец“ и да го регулираат начинот на депонирање на нивниот отпад.

Но, тоа не само што не го сториле, туку продолжиле отпадот да го фрлаат на провизорната депонија покрај патот Негорци – Серменин.