Казни за 165 возачи во Скопје, 25 за брзо возење

29

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санционирани се 25 возачи, 12 санкции за возење без возачка дозвола, додека две мерки се изречени за прекршоци направени од пешаците.

– Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, една санцкција за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 45 за непрописно паркирани возила – соопштија денеска од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението од МВР.