Казнети 214 возачи во Скопје, 124 за брзо возење

36

При сообраќајна контрола на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера на територијата на главниот град  биле санкционирани  214 возачи, од кои 124 за возење со брзина поголема од дозволената.

 – Дванаесет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување возила. Изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)…, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму укажуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.