Казнета 70-годишна Американка откако се обидела да го подмити службеникот на пасошка контрола во Минхен

108
Американка се здобила со казна затоа што се обидела да го подмити полицот на пасошка контрола на аеродромот во Минхен, соопшти германската Сојузна полиција.
Таа 70-годишна жена во текот на викендот патувала од Атина во Вашингтон со запирање во Минхен каде што се обидела да ја помине пасошката контрола без пасош, соопшти полицијата.
Кога службеникот од пасошка контрола ѝ кажал дека ѝ е потребен пасош за влез во подрачјето на аеродромот од каде што поаѓаат авионите, таа му кажала дека случајно го оставила пасошот во авионот на својот претходен лет од Атина за Минхен.

Меѓутоа, кога полицаецот сакал да ја праша авиокомпанијата „Луфтханза“ дали нашле пасош, жената извадила банкнота од 100 долари и го замолила полицаецот да ја пушти без пасош, наведува полицијата.

Германските власти одбиле да ја пуштат во авионот и ја казниле со 1.000 евра поради обид за мито.

Бидејќи пасошот уште не пронајден, жената ќе мора да остане во Минхен додека не добие нов пасош во Консулатот на САД, соошти полицијата.