Кадина Река, или како што ја нарекуваат сината вена на Јакупица, која како брзак се пробива низ густата букова шума, во делот каде се гради малата хидроцентрала е тотално девастирана.
Од 02 Иницијатива споделуваат видео на кое се гледа сегашната состојба со реката кое има големо хидрогеолошко значење и се наоѓа на Листата на издвоени локалитети на значајно геонаследство од сферата на хидрологија кои треба да се земат во предвид при изработка на новиот Просторен План на Република Македонија.
– Ова е Кадина река на 100 метри над хотел „Принц“, пресечена тотално, како што гледате, уништено е се. Јас не знам колку струја прават со ова, ама не верувам дека се исплатело за оваа катастрофа да ја направат. Ова е сега неделава направено – велат од 02 Иницијатива. (С.Бл.)