Сè повеќе ресторани се обидуваат да привлечат луѓе со купување лажни интернет-оценки на гости, следбеници на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, како и лајкови на објави на ресторани.

Често, гостите се одлучуваат за одреден ресторан или клуб, така што претходно ќе ја прочитаат рецензијата на гостите на интернет.

Овие денови, на интернет се појавија информации за тоа како и по која цена може да се купи рецензија, а една од препораките е Тип Адвајзор, но не е незначително и влијанието на „Инстаграм“ или „Фејсбук“.

Купувањето рецензија може да се направи преку разни веб-страници, кои се вклучени во овој бизнис преку интернет, додека цените се движат од три долари па нагоре.

Една интернет страница им нуди на угостителите 50 одлични оценки, кои би ги оставиле гости од Америка по цена од 122 долари. За тие пари „гостите“ на официјалната страница на ресторанот би престојувале петнаесет дена и би оставале лажни платени оценки, кои би биле поттик и на други гости да бидат посетители.

Од друга страна, за 100 следбеници на „Инстаграм“ доволни се 2,99 долари, додека за 1000 од нив треба да се одвојат 12,99 долари.

Целата приказна околу онлајн манипулацијата отиде толку далеку што по нарачка се отвораат лажни теми, кои ги коментираат различни членови меѓу себе, и на тој начин обезбедуваат поголема видливост на „Интернет“.

Вистинските рецензии можат да бидат од голема корист за гостите да се запознаат со ресторанските услуги, но проблемот се јавува кога се отвора нов објект, кој за неколку дена добива одлични оценки и се наоѓа на врвот од листата на понуди во градот, додека оние објекти кои не се служат со такви работи, ја плаќаат цената на туѓото „подло“ работење.