И ревидираната Програма за култура – скандалозна, СОКОМ: Прво ни доделија помалку пари, сега и тоа ни го зедоа?!

77

Во реакција на СОКОМ, испратена до медиумите, се наведува дека и покрај уверувањето на Министерството за култура дека со ревизијата ќе се коригираат само резултатите на апликантитеи кои не добија средства во првата објава (кога на СОКОМ, како организатор на ДММ, му биле доделени 1,5 милиони денари,), во втората објава Комисијата решила првичното решение да го поништи и во целина да му ги одземе веќе објавените средства, и со тоа практично да го укине фестивалот кој годинава треба да го доживее своето 42. издание

Новата ревидирана Годишна програма на Министерството за култура, наместо да ги исправи неправедностите предизвика шок и неверување кај организаторите на фестивалот “Денови на македонска музика 2019“, како и меѓу членовите на Сојузот на композиторите на Македонија. Во реакција на СОКОМ, испратена до медиумите се наведува дека и покрај уверувањето на Министерството за култура дека со ревизијата ќе се корегираат само резултатите на апликанттеи кои не добија средства во првата објава (кога на СОКОМ како организатор на ДММ му биле доделени 1,5 милиони денари), во втората објава Комисијата решила првичното решение да го поништи и во целина да му ги одземе веќе објавените средства, и со тоа практично да го укине фестивалот кој годинава треба да го доживее своето 42. издание.

Од СОКОМ објаснуваат дека по првата објава на резултатите од Конкурсот, поради намалениот буџет за повеќе од половина помалку од побараните, но и поради доцната објава на истиот, организаторот бил принуден да го смени форматот на фестивалот и да донесе одлука да се реализираат најпрвин проектите со странските уметници кои биле договарани со месеци наназад.

“Тоа се проекти кои е незамисливо да се откажат, бидејќи во нив финансиски учествуваат бројни странски партнери, авионските билети се веќе купени и се превземени низа дополнители обврски“, наведуваат од СОКОМ, истакнувајќи дека првиот концерт на ДММ 2019 е веќе закажан за 6 април и се реализира во соработка со Австриското друштво за современа музика. “Концертот е поддржан од уште седум австриски институции. Од македонска – ни една! Дали е ова претставата на нашата држава како треба да се негува националната култура и кој треба да биде заинтересиран за неа?“, прашуваат од СОКОМ, истакнувајќи дека иако Комисијата не знае кое е и какво е реномето на ДММ, него го потврдуваат врвните светски уметници кои сакаат да настапуваат на оваа манифестација. Од Сојузот на композиторите на Македонија најавија дека ќе поднесат соодветен приговор во кој ќе укаже на опасностите од оваа одлука на Комисијата со која се нанесува повеќекратна и далекосежна штета врз севкупната современа македонска музичка култура, творештво, уметност.

Министерот за култура Асаф Адеми, пак, на надзорната расправа која завчера се одржа во македонското Собрание за начинот на донесувањето на Годишната програма, посочи дека ниту еднаш не го искористил дискреционото право за одлучување при финансирањето на проектите, туку тоа го оставил на стручните комисии, составени, како што рече, од долгогодишни професионалци во струката. “Не ја потпишав програмата со затворени очи, туку го почитувам мислењето на комисиите и нивните членови“, додаде Адеми.

По повод пишувањата во медиумите дека Цветанка Ласкова, посебен советник за култура на премиерот Зоран Заев, одлучувала по пријавите на апликантите како и дека ја ревидирала програмата на примадоната Весна Ѓиноска-Илкова, која беше членка на Комисијата за музичко-сценска дејност, таа одговори дека немала улога во одлучување за проектите, во кратењето средства и формирањето на буџетот, туку дека нејзина работа била само да се информира и да изврши увид во Годишната програма, особено по реакциите во јавноста.