ИТФ во Москва: Ѓорческа убедлива во првото коло

55

Лина Ѓорческа се пласира во второто коло на ИТФ турнирот во Москва што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка, која е поставена за осма носителка, на стартот славеше над Русинката Анастасија Тихонова со 6:2, 6:3.

Наредна ривалка на Ѓорческа во руската престолнина ќе биде подобрата од белоруската пресметка меѓу Ана Кубарева и Јулија Хатука.

Турнирот во Москва започна вчера и ќе трае до недела, први март.

Извор:МИА