Италијанскиот Сенат го ратификуваше Протоколот за НАТО

48

Италијанскиот Сенат го ратификуваше денеска Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Протоколот помина во Долниот дом на Парламентот, но ратификацијата во Сенатот се оддолжи поради политичката криза, која се реши со формирањето нова Влада на Италија.

Благодарност за ратификацијата изрази министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук-профил.

-Благодарам Италија! Уште една ратификација на НАТО Протоколот, напиша Шекеринска во статусот.

Со Италија 23 земји досега го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјата во НАТО.

Очекувањата се дека Протоколот ќе биде ратификуван и со тоа членството во НАТО ќе се официјализира пред Самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.