Италијанец уживал во морето во Грција, кога на грбот почувствувал нешто лигаво/ВИДЕО

15541
Фото: screenshot

На социјалните мрежи се шири видео од плажа во Грција поради необичен „гостин“ кој се појавил во плиткото. И не би било ништо необично, ако тој не се појавен на грбот на еден капач.

Италијанецот Кристијан Кастања тој ден уживал во пливањето, но во еден момент почувствувал нешто лигаво на грбот. Тоа бил октопод кој цврсто се залепил за неговиот грб. Капачите веднаш притрчаа на помош.

Кристијан неуспешно се обидувал да го симне октоподот од грбот, а ни другите не биле од помош. Кога успеал да го симне од грбот, октоподот му се префрлил на раката, а Италијанецот го потопил во морето и го погалил.

Видеото стана вирално, собра 5,4 милиони прегледи, но и бројни коментари.

Додека некои беа воодушевени од глетката на морското суштество, други напишаа дека немало да издржат ни минута во оваа непријатна ситуација.