Светскиот шампион во бокс Британецот Тајсон Фјури, го победи Американецот Дионтеј Вајлдер на почетокот на октомври и ја одбрани титулата во ВБЦ. Тоа беше нивни трет дуел и втора победа на „Кралот на Циганите“ против „Бронзениот бомбардер“.

Но, Фјури кој добро знае да го привлече вниманието на јавноста, неодамна откри детал од првата борба, која се одржа на 1 декември 2018 година, а која заврши нерешено.

-Стара школа е. Пред првиот меч против Вајлдер се симнав во шанкот и испив две кригли пиво, токму тоа што ми требаше. Не ме повреди, нели?, изјави Тајсон Фјури, додавајќи дека и неговиот брат Томи треба да го стори истото пред борбата против јутјуберот Џејк Пол.