Реакторот на единствената иранска нуклеарна електрана „Бушер“ на југот на змејата, итно е исклучен, јави иранската државна телевизија.

Според изјавата на неименуван претставник на нуклеарната електрана „Бушер“, реакторот ќе биде исклучен во наредните 3-4 дена. Работата на иранската нуклеарна електрана е запрена за да се отстранат некои технички проблеми.

Нуклеарната електрана „Бушер“ се смета за најголем руско-ирански проект. Првиот блок од оваа нуклеарка беше пуштен во употреба во 2011 година. Русија му испорачува на Иран нуклеарно гориво кое е неопходно за функционирање на електраната.

Но, во март годинава, претставник на електраната „Бушер“ изјави дека Иран веќе не може од Русија да ги добива деловите за поправка поради економските санкции што ги воведе САД за Иран во 2018 година.