Иран: Откриено ново богато нафтено поле

76

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска изјави дека е откриено ново нафтено поле на југот на земјата, со околу 50 милиони барели сирова нафта.

Со ова, докажаните ирански резерви на нафта се дополнително зголемени. Иран досега имаше докажани резерви од околу 150 милиони барели сирова нафта.

Рохани рече дека нафтеното поле е откриено во провинцијата Хузестан која е богата со нафта. Иранскиот претседател ова го соопшти во говор што го одржа во пустинскиот град Јазд.