Пожар во Холивуд: Евакуирано студиото Ворнер Брос (видео)

99

Студиото на „Ворнер Брос“, во близина на Лос Анџелес, е евакуирано откако избувнал пожар во негова близина, јавуваат американските медиуми. Опожарени се 34 хектари, соопшти пожарната служба во Лос Анџелес, јави Си-Ен-Ен.

„Ниту еден објект не е запален или загрозен“, се додава во соопштението.

Властите го повикаа локалното население да остане во домовите, но не беа издадени наредби за евакуација.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 230 пожарникари, кои успеале да спречат неговото ширење. И додека пожарникарите се бореа со огнот, голем број жители правеа селфи пред огнот околу симболите на Холивуд.