Има уште осум кола, многу работи може да се случат

44

Голманот на Баерн (М), Мануел Ноjер ги сумираше впечатоците од вчерашниот натпревар од 26. коло од Бундеслигата со Унион Берлин (2:0).

  • Задоволни сме што доминиравме во играта и заслужено ги освоивме трите бода. Можевме да одиграме и подобро, но победата е заслужена. Јасно е дека атмосферата е сосема поинаква. Но, сето тоа зависи од нас, тоа е прашање на мотивација и свесност за тоа што се случува. Секако, се трудевме, работевме многу за време на карантинот и сега сакаме да се покажеме во најдобро светло. Не смееме да се опуштаме. До крајот има уште осум кола. Може да се случат многу нешта. Не треба да отпишуваме никого, изјави Нојер.

По 26 кола, Баерн е лидер на табелата во Бундеслигата со 58 бода, пред Борусија Дортмунд која има 54.