Од косата на малиот – голем човек треба да биде изработена перика која сигурно ќе израдува некое друго дете

Дарин завчера за првпат во животот ја скрати својата долга руса коса. Не е стрижен од раѓање, а има четири години. Тоа го направи специјално за да ја подари својата коса на децата болни од рак и од неа да се изработат перики за дечиња кои немаат коса.

Таткото на Дарин, Александар Донев, смета дека ова е еден од начините да се помогне на децата болни од рак, а за Дарин е поука дека треба да помага во животот.

На социјалните мрежи гестот предизвика лавина од честитки и пофалби и поттикна многумина млади и возрасни да го направат истото.