Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа, најави враќање на тронот. Тој е подготвен да ги врати титулите што ги загуби од Украинецот Александр Усик и според менаџерот Еди Херн, Еј Џеј е во форма на неговиот живот.

“Гледате во најдобриот во светот. Нема човек кој може да го победи. Овој човек е дивјак, ѕвер, најдобрата тешка категорија на светот”, рекол Херн.

Од секоја борба Џошуа заработува милиони фунти. Неговото богатство се проценува на 200 милиони фунти, а секако интересно е што Џошуа не троши речиси ништо. Тој буквално живее од своите спонзори. Му дозволуваат да живее луксузен живот без да вложи ниту една фунта, а тој акумулира пари на сметката.

-Од страна изгледа како да живее на висока нога. Го гледате во приватни авиони, како носи скапи часовници, вози скапи автомобили“, вели неговата десна рака Фреди Канингем и продолжува:

„Сето тоа доаѓа од спонзорите. Еј Џеј никогаш не платил за приватен авион или хеликоптер. Ги добива своите автомобили од спонзори. Не троши речиси ништо. Има пари на сметката, се трупаат, а сепак го живее животот за кој сите сонуваат Тој е полн со пари, вели Канингем.

Еј Џеј буквално јаде бесплатно. Има толку многу спонзори што храната што ја сака ќе му биде на врата во најкус можен рок. Џошуа купува недвижен имот и паметно ги инвестира парите.

Додека спонзорите му плаќаат апсолутно сè што ќе посака, Ентони Џошуа троши пари само за купување недвижен имот.

Во 2013 година, тој купил стан од 175.000 фунти во Лондон за мајка му Јети и се погрижил неговата поранешна девојка Никол и четиригодишниот син Џозеф да живеат во луксуз, купувајќи пентхаус од 500.000 фунти.

Тој инвестира пари во недвижен имот. Купил деловни згради во Лондон за 25 милиони фунти, имал вкупно 258 инвестиции, а живее во Ватфорд, каде што поседува три куќи вредни 1,5 милиони фунти. Најголемата инвестиција ја имаше во октомври минатата година. За имотот од 300.000 метри квадратни издвоил 30 милиони фунти и тоа е спектакуларен имот. И покрај огромната сума на пари, Еј Џеј остана прилично скромен. Ја отвори вратата за сите луѓе што беа со него.

„Не сакам да уживам сам во се. Мојата врата е секогаш отворена за луѓето кои ми ја отворија својата. Не можам да ги заборавам оние кои беа покрај мене“, истакна Џошуа.Еј Џеј речиси сигурно ќе инкасира стотици милиони фунти повеќе во наредниот период. Само можната борба против Тајсон Фјури може да му донесе огромни 150 милиони фунти.

Сепак, тој повеќе од се сака да стане шампион. Тој сака да докаже дека е најдобар тешкаш во светото, а тоа ќе може да го покаже само по борбата меѓу Фјури и Усик, која е закажана за месец мај оваа година.