Илјадници бегаат поради офанзивата на Талибанците во Кундуз

144

Околу 5.000 авганистански семејства ги напуштија своите домови во Кундуз по повеќедневните борби меѓу Талибанците и владините сили, соопштија денеска властите.

Џихадистите продолжуваат да го опкружуваат клучниот град во северен Авганистан.

Талибанците накратко го зазедоа градот двапати во последните години, но сега ги зазедоа околните области и блискиот граничен премин со Таџикистан – Шир Хан Бандар

– Околу 5.000 семејства се раселени поради борбите, изјави Гулам Саки Расули, директор на Одделот за бегалци и репатријација во Кундуз. Тој рече дека 2.000 од тие семејства избегале во Кабул и други провинции.

Од почетокот на мај, Талибанците започнаа неколку големи офанзиви против владините сили во таа провинција, и тврдат дека зазеле речиси 90 од над 400 окрузи во земјата. Владата демонатира, а западни медиуми посочуваат дека нема начин за независна проверка.

Насилството ескалираше кога американската армија започна да ги повлекува своите последни 2.500 војници од земјата за да го испочитува крајниот рок на 11 септември, објавен од претседателот Џо Бајден.

Мировните разговори меѓу двете завојувани страни остануваат во ќор-сокак во Катар.