Икарди понуден на два клуба

104

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, откри дека пред неколку дена, аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди, бил понуден на два клуба. Искусниот напаѓач прво бил понуден на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, а потоа и на турскиот гигант Галатасарај. Претходно, голем интерес за неговите услуги покажаа челниците на новиот калчолигаш Монца.