Икарди партнер на Ибра

81

Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Милан откри дека клупските челници подготвуваат официјална понуда за аргентинскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Мауро Икарди. Поранешниот капитен на Интер не крие дека му недостасува италијанската Серија А, но сензационалниот трансфер ќе стане реалност до крајот на летниот преоден рок само доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 55 мил. евра.