Израелски лекар вакциниран со три дози – тврди дека се заразил во Лондон пред предупредувањето од ЈАР

205

Израелски лекар кој бил вакциниран три пати со вакцина Фајзер, бил тестиран негативен при неговото враќање во Израел, но четири дена подоцна почувствувал благи симптоми и бил позитивен на тестот за Ковид-19.

Д-р Елад Маор од центарот на Шеба, изјави за британски Гардијан дека верува оти е заразен со вирусот во Лондон, каде што присуствувал на конференција од 19 до 23 ноември.

Тоа исто така би значело дека сојот циркулирал во Британија пред Јужна Африка да предупреди дека постои.

„Сигурно добив омикрон во Лондон. Интересно е затоа што беше пред десет дена, навистина рано“, рече д-р Маор.

Британскиот весник објави фотографии од конференцијата, на кои се гледа дека повеќе од 1.200 учесници не носеле маски.

Израелскиот лекар кој бил вакциниран три пати бил негативен при неговото враќање во Израел, но подоцна почуватвувал благи симптоми и бил позитивен на тестот за Ковид-19 четири дена подоцна.

Тој смета дека единственото разумно објаснување е дека се заразил на последниот ден од конференцијата, можеби на аеродром, можеби на состанок.

По враќањето пред позитивниот тест, Маори бил во контакт со пациенти, се возел еден час во автомобил со колега, јадел во полна кафетерија и присуствувал на концерт и голема вечера со роднините, изјавил тој за Њујорк Тајмс.

Меѓутоа, само еден од 50-те луѓе кои биле во контакт со него е тестиран за позитивен на тестот, а тоа е колегата со кој се возел во автомобил.

Ова им дава надеж на истражувачите дека новата варијанта можеби нема да биде толку заразна меѓу вакцинираните луѓе како што претходно се мислеше.

И сопругата на докторот која била со него во Лондон е негативна на тестот.

„Мислам дека е смирувачко. Мислам дека преносот на овој вид не е сосема поинаков или не е екстремно различен од она што го знам за делтата“, рече Маор.

Министерството за здравство на Израел соопшти дека само за две лица во таа земја досега е потврдено дека се заразени со новата варијанта на корона вирусот, омикрон, што е спротивно на изјавата на медицинскиот центар Шеба во вторникот дека двајца кардиолози, кои работат таму се позитивни на новиот сој.

Израелските медиуми јавуваат дека се очекува значително зголемување на бројот на потврдени случаи во наредните денови, кога ќе пристигнат конечните резултати за четири лица кои наводно веќе биле позитивни на високомутираниот нов вид и над десет други сомнителни случаи.

Израелските медиуми потсетуваат дека малку се знае за новата варијанта на вирусот, вклучително и колку е заразен.