Израелските „лавици“ го клекнаа Хамас на колена: Специјална единица од 13 жени ги бранеше кибуците на југ

2512
EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Борбената единица составена од само 13 војници од израелските одбранбени сили уби речиси 100 членови на групата Хамас. Потполковник Ор Бен Јехуда и нејзините 12 жени-војници од баталјонот Каракал ја водеа борбата на првите линии на фронотот јуришајќи кон воената станица на египетската граница која беше нападната за време на инвазијата на Хамас.

Во обраќањето пред борбата, потполковничката Бен Јехуда и рекла на својата единица од 12 жени да остане силна и да не биде поразена.

„Ќе ги уништиме терористите. Останете будни. Ние сме силен тим“, рекла таа.

Кога единицата се приближила до воената база, тие биле опколени од сите страни од група од 50 тешко вооружени терористи.

Во текот на следните четири часа, единицата од 13 жени била во жестока битка со Хамас. И покрај тоа што имало и ранети, женската единица ја продолжила крвавата борба.

На единицата баталјон Каракал подоцна и се приклучиле и припадници на единицата за специјални сили на морнарицата и борбата против Хамас траела следните 14 часа.

Бен Јехуда ги пофалила напорите на нејзината единица во тешката борба и спасувањето на повредените. Таа, исто така, ја призна храброста на женската тенковска посада која го предводеше нападот врз борците на Хамас кои го ограбија блискиот Холит Кибуц, убивајќи повеќе од десетина цивили.

Таа рече дека единиците на баталјонот Каракал убиле вкупно 100 терористи – факт што треба да го отстрани секој сомнеж за способноста на жените да бидат војници, пишува Џерусалим пост.

„Обуката и ефикасноста на женските борбени единици на бојното поле го избриша секој сомнеж за способноста на жените. Храбро се бореа, си ги спасија животите и од битката излегоа како победници и херои. Во борбениот дух на жените веќе нема сомнеж. Тие триумфираа на секој начин. Во моментов сме одговорни за 11 градови и се подготвуваме за сите потенцијални копнени маневри за обезбедување на јужните погранични области на Газа и границата со Египет“, рекла Бен Јехуда.