Изолирано е антителo што ги неутрализира сите соеви на коронавирус

182

Кинеските научници тврдат дека изолирале антитело што може ефикасно да ги неутрализира сите соеви на коронавирус, повикувајќи се на лабораториски експерименти, но и оние на жив организам.

Во студијата објавена во вторникот, кинеските научници од различни институции, вклучително и Универзитетот Сун Јат Сен во Гуангжу и Универзитетот Жеџијанг во Хангжу, сугерираа дека би можеле да имаат решение за пандемијата со Ковид-19.

Авторите тврдат дека моноклоналното антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во истражување спроведено на жив организам, се покажало дека го неутрализира типот на Ковид-19 без мутации, но и оние соеви кои предизвикуваат загриженост. Истражувањето врз живи организми е спроведено на хуманизирани глувци.

Научниците, исто така, забележаа дека антителото делува на „мошне мутираниот“ делта сој, која е одговорен за смртоносните бранови на инфекција ширум светот, откако првпат се појави во Индија на почетокот на оваа година.

35B5 го неутрализира коронавирусот со таргетирање на еден епитоп (делот од антигенот што имунолошкиот систем го препознава) кој ги избегнува местата на мутација. Со други зборови, 35B5 цели на еден дел од вирусот кој не се менува за време на процесот на мутација.

Насочувајќи го делот од вирусот кој не е засегнат од мутации кои се сметаат за загрижувачки, антителото 35B5 покажа ефикасна способност да се неутрализира во неколку различни соеви.

Научниците тврдат дека ова откритие може да се искористи за создавање универзална вакцина против коронавирусот.

Делот од антигенот што го таргетира антителото 35B5 е присутен и во омикронската варијанта, забележуваат научниците.

Ова истражување може да се покаже особено вредно во време кога силно мутираниот омикрон се шири низ светот. Водачите и научниците ширум светот се загрижени дека омикрон би можел успешно да го заобиколи имунитетот создаден со вакцинација или природна инфекција.